12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

Помпео следната недела во посета на Ријад

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео изјави дека ќе бара од Ријад нови информации за тоа како напредува ситрага за случајот со саудискиот новинар, Џамал Кашоги.

Кашоги беше убиен во месец октомври минатата година, откако влезе во саудисксиот конзулат во Истанбул.

Следната недела Помпео ќе замине во посета на Ријад.

Помпео, исто така, ќе ги посети и Јордан, Египет, Бахреин, Обединетите Арапски Емирати, Катар, Оман и Кувајт за време на неговата турнеја на 8 до 15 јануари, се вели во соопштението на „Ројтерс“.