12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Нетанјаху ги обвини медиумите за вршење притисок врз јавниот обвинител

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги обвини медиумите во земјата, како и „левичарските демонстранти“ дека му вршат „брутален и нечовечки“ притисок на јавниот обвинител Авишаи Манделблит да покрене обвинение против него „по секоја цена“.

Во видеото објавено во четвртокот вечерта, Нетанјаху тврди дека неговите противници сакаат Маделблит да го повика на сослушување во периодот пред изборите кои ќе се одржат на 9 април, чекор кој е неопходен пред да се донесе конечна одлука за покренување обвиненија против него.

По завршувањето на нивната истрага минатата година, израелската полиција изјави дека се собрани доволно докази за да се обвини Нетанјаху за подмитување, вршење измама и нарушување на довербата. Конечната одлука дали против него ќе бидат покренети обвиненија ќе ја донесе Манделблит.

Ваквиот развој на настаните доаѓа откако израелскиот парламент на 26 декември гласаше да се распушти, доведувајќи до потреба од предвремени избори.

Во своето видео, премиерот се споредува себеси со познатиот фудбалер Меси, велејќи дека другите политички партии „знаат дека нашиот тим секогаш победува, па се обидуваат да го притиснат судијата да го извади Меси од игра“.