12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Четворицата скијачи кои исчезнаа во лавината, најверојатно, се мртви

Норвешката полиција соопшти дека четворицата скијачи кои исчезнаа кога лавина го погоди северниот дел во Норвешка, најверојатно, се мртви.

Според зборовите на портпаролот на полицијата, Морен Петерсен, повеќе нема надеж дека спасувачите ќе пронајдат жив некој од скијачите, пренесе АП.

Мадс Гилберт од Универзитетската болница во северна Норвешка изјави дека е невозможно да се преживеат два дена под снег.

Спасувачката операција започна во средата, но обилниот снег и лошата видливост ги отежнаа спасувачките напори.