21.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Црвен аларм во Хрватска, се очекува невреме

Метеоалармот објави предупредување за денеска и за утре за поголемиот дел од Хрватска. Сите приморски области на Јадранот, освен Истра, се во црвен аларм, а во Истра на сила е портокалово предупредување. Другите делови од Хрватска се во жолта фаза.

Денеска времето во Хрватска ќе биде променливо облачно, на места со слаби врнежи и силен ветер.

На копно ќе има снег и голомразица во првиот дел од денот, а слаб дожд е можен и во приморските области.

Ќе дува умерен ветер, а на крајот на денот во северниот дел на земјата можно е да дојде до бура. На Јадранот, ќе дува умерен до силен северозападен ветер кој ќе се претвори во бура.

Највисоката дневна температура на копно ќе се движи од 3 до 7 степени, а во Јадранот од 8 до 12 степени.