17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Иванов ги искара пратениците: Потиснете ги фрустрациите, дозволете да го завршам говорот

„Покажете си го нивото на култура пред целиот дипломатски кор. Смирете се и поттиснете ги вашите фрустрации и дозволете ми да го завршам говорот”- вака реагираше претседателот Ѓорге Иванов по дофрлањата на пратениците на СДСМ за време на неговото годишно обраќање во Собранието во делот кога говореше за тиранската платформа.

,,Никој нема очи да се соочи со вистината. Дури нема ни храброст да стави потпис на мојата кривична пријава. Но, јас се раководам согласно со моите ингеренции и волјата на народот”, рече Иванов, по што следеше бурна реакција на пратениците на владејачката партија. Колку што можеа да забележат новинарите кои од прес-центарот го следеа обраќањето, најгласни во довикувањето беа Мухамед Зекири од СДСМ и Горан Мисовски од НСДП.

Претседателот Иванов уште еднаш ги опомена пратениците да го сослушаат до крај велејќи : ,,Јас ве слушам вас цела година, слушнете ме и вие сега, претседател на држава ви се обраќа”.

Дофрлања од страна на пратениците имаше во текот на целот говор на претседателот, особено кога се осврна на амнестијата и на договорите со Бугарија и со Грција и за идентитетските прашања.

Иванов зборуваше речиси еден час, со говор напишан на 13 страници, во кој потенцираше дека ова не е неговото последно обраќање и дека останува претседател до крајот на мандатот.

Пратениците на ДУИ не беа присутни во салата поради несогласувањата со претседателот околу тиранската платформа.