12.8 C
Скопје
23. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
илустрација
СВЕТ

Германската војска има план да вработува граѓани од други земји на ЕУ

Генералниот инспектор на германската војска, Еберхард Зорн, ја навести можноста за ангажирање граѓани на ЕУ во германската армија со цел да се пополнат работните места наменети за професионалци.

Зорн за медиумската група „Функе“ изјави дека германските сили мора да гледаат во сите правци во време на недостиг на квалификуван персонал, како што се лекари и ИТ-експерти.

Германија планира да го зголеми бројот на вработени во армијата за 21 000 до 2025 година, пренесе Би-би-си.

Земјата, исто така, планира да го зголеми буџетот за одбрана од 1,2 отсто на 1,5 отсто од БДП до 2024 година и покрај критиките на американскиот претседател, Доналд Трамп, дека Германија не успева да ја исполни целта за вложување на два процента од БДП во НАТО.