Веднаш на старт ќе ви кажеме дека ова видео не е за оние кои се плашат од висина. Велат дека ако сакате да ги совладате своите стравови, ќе морате директно да се соочите со нив. Меѓутоа, некогаш тоа навистина е многу, многу глупава идеја!
Момчето од видеото се вика Џон Фарнворт и тој е фудбалер, носител на неколку Гинисови рекорди во изведување различни трикови.
Овој пат, Џон отишол чекор подалеку и направил нешто неверојатно…