25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фотографија на Centar.mk. Секое копирање подлежни на кривична одговорност согласно Законот за авторски права.
БИЗНИС

Германија ги отвори вратите за работници – еве ги условите

На жителите на Балканот кои масовно се селат кон западните земји, конечно им се насмевна среќата.

Работниците од целиот Балкан кои нетрпеливо чекаа усвојување на новиот закон за вселување на квалификувана работна сила во Германија конечно добија сатисфакција.

Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер и неговиот колега од министерството за економија Хорст Зехофер ја соопштија најновата меркакоја се носи поради енормната бројка на работни места кои се непополнети, бидејќи луѓето со месеци чекаат да добијат дозвола за работа во Германија.

Сите кои мислеа дека за работа во Германија ќе им требаат само пасош и билет во еден правец сериозно грешат. Она што ја олеснува целата ситуација е тоа што процесот за добивање виза во амбасадите ќе биде поедноставен.

Работна дозвола и виза ќе добиваат само квалификувани работници, а поставени се опдредени критериуми кои нема да се заобиколат.

Еден од главните услови, покрај квалификацијата е познавање германски јазик, поради полесна адаптација и друштво, а тоа не смее да биде под ниво А2. Овозможено е задржување во Германија поради пронаоѓање работа, а ќе биде овозможено и школување, таму каде што е потребно, поради различноста во образовниот систем на Германија и земјите надвор од ЕУ.

Потребно е работно искуство од 18 месеци и потврда за немање направено кривично дело, како и јасна потврда на идентитетот.

За добивање дозвола за постојан престој ќе бидат потребни 30 месеци работа во Германија.