17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

65% од работодавачите во Франција ги поддржуваат „жолтите елеци“

Според анкета спроведена во Франција, откриено е дека 65 проценти од работодавачите ги поддржуваат протестите на групата „Жолти елеци“, соопшти француска радио станица.

Анкетата спроведена за Радио Европа 1, открива дека 72 проценти од бизнис-сопствениците не се среќни со политиката на претседателот на Франција Емануел Макрон.

Овие резултати се спротивни на оние од мај 2017 кога тој беше избран за претседател, кога 75 проценти од компаниите беа задоволни од неговиот пристап.

Дополнително, 70 проценти од работодавачите велат дека протестите имаат сериозни ефекти врз економијата на компаниите.

Околу 47 проценти од работодавачите сметаат дека француската економија опаднала, а осум проценти велат дека таа е подобрена.

Околу 28 проценти од работодавачите велат дека тие се соочиле со блокади за време на демонстрациите.

Анкетата е спроведена врз 604 лица во периодот од 6 – 12 декември.