15.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Шкотланѓанка дозна дека нејзиниот сопруг има уште три жени и 13 деца

Жена од Шкотска откри дека нејзиниот сопруг „таен агент”, всушност, е бигамист со уште три жени и тринаесет деца.

Марија Тарнер Томсон (53) од Единбург беше ужасната кога дозна дека нејзиниот американски сопруг, Вилијам Ален Џордан, разработил мрежа на лаги за да ја скрие својата измама.

Ален Џордан има најмалку 13 деца со три различни жени, на кои им рекол дека е таен агент за да го објасни своето често отсуство, пишува „Дејли стар“

Тој тврдеше дека бил агент на ЦИА, кој морал да патува во мисии, но всушност бил ИТ-работник кој лажирал писма од министерството за одбрана и пропусници за воените бази.

„Вилијам го запознав кога бев самохрана мајка со деветмесечно бебе. Тој беше многу шармантен”, се сеќава Марија. „Почнавме да излегуваме и ме праша дали ќе се омажам за него по само две недели. Јас одбив, но, на крај се свршивме и бевме во брак четири години.”

„По шест месеци бев бремена, што беше големо изненадување за мене, бидејќи ми кажа дека е неплоден”, вели Марија, откривајќи дека успеала да помине со него само седум дена по ред за шест години поради неговата „работа”.

Но, во реалноста, тој посетувал други жени и семејства.

Иако заработувал 10 илјади фунти месечно, бигамистот рекол дека му требаат повеќе пари за да „им плати на непријателите кои сакаат неговите деца да се распарчат и да испратат парче парче по пошта”.

На серискиот лажго Марија му дала 200 илјади фунти.

Измамата била откриена во април 2006 година, кога Марија добила повик од „друга г-ѓа Џордан“. „Мирно ми кажа дека таа и сопругот Вил Џордан, татко на моите две деца, се во брак 14 години и има пет деца.”

Ален Џордан заврши во затвор за бигамија, измама и многу други кривични дела. Тој беше две и пол години во затвор пред да биде депортиран во САД.

Иако заработувал 10 илјади фунти месечно, бигамистот рекол дека му требаат повеќе пари за да „им плати на непријателите кои сакаат неговите деца да се распарчат и да испратат парче парче по пошта”.
На серискиот лажго Марија му дала 200 илјади фунти.

Измамата била откриена во април 2006 година, кога Марија добила повик од „дуга г-ѓа Џордан“. „Мирно ми кажа дека таа и сопругот Вил Џордан, татко на моите две деца, се в брак 14 години и има пет деца.”

Ален Џордан заврши во затвор за бигамија, измама и многу други кривични дела. Тој беше две и пол години во затвор пред да биде депортиран во САД.

Мери Тарнер Томсон приказна ја претвори во успешна книга која ја нарече „Бигамист”.