17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

„Ви кажавме дека Белград ги крши договорите“ – Косово одговори на барањето на ЕУ

Шефот на кабинетот на косовскиот премиер, Авни Арифи, реагира по барањето на Европската Унија, Приштина да ја укине мерката за царина од 100 проценти на производите од Србија и Босна и Херцеговина. Тој наведе дека ЕУ била информирана за тоа дека Белград ги кршел сите постигнати договори за време на дијалогот за нормализација на односите помеѓу Косово и Србија, но не го осудила тоа, пренесуваат приштинските медиуми.

„Би сакал високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини, да беше загрижена кога косовската делегација ја извести и ѝ побара поддршка. Ситуацијата сега е влошена“, заклучи Арифи.

Тој објави писмо од мај, во кое, како што тврди, ја известил ЕУ за договорите постигнати во Брисел, чии одредби Србија ги прекршува.