11.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Самоубиствен напад во Кабул, 50 лица загинаа, над 70 се повредени

Најмалку 50 лица загинаа при напад на бомбаш самоубиец во Кабул, соопштија владини претставници во Авганистан.

Портпаролот на авганистанското Министерство за внатрешни работи, Наџиб Даниш, изјави дека повеќе од 70 лица се повредени во нападот, пренесе „Ројтерс“.

„Бомбашот самоубиец детонираше експлозив во сала во која биле собрани исламски верски ученици за да го одбележат раѓањето на пророкот Мухамед“, изјави Даниш.

Засега никој не презеде одговорност за нападот.