10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Конкурсот за наградата „Жан Моне“ е сѐ уште во тек

мата „Градење доверба во несигурни времиња“.

Конкурсот опфаќа 3 натпреварувачки категории: Најдобра новинарска сторија (за стории објавени во печатени медиуми и/или на интернет), понатаму најдобра репортерска фотографија (за фотографии објавени во печатени медиуми и/или на интернет) и најдобра аматерска фотографија.

Творбите кои ќе учествуваат на конкурсот во првата категорија најдобра новинарска сторија се стории чии автори се новинари од државата и се на темата, а се објавени во домашни весници, списанија и на веб-страници, во периодот меѓу 20 ноември 2017 и 24 ноември 2018 година. Сториите треба да се потпишани со вистинското име на авторот.

Копии од новинарските стории во дигитален ПДФ формат, заедно со изјава во писмена форма, потпишана од авторот, со која гарантира дека таа/тој е автор на сторијата, треба да се испратат на следнава електронска адреса: JMcompetition@euic.mk, најдоцна до 25 ноември 2018 година, до 18.00 часот. Секој од пријавените ќе добие потврда за прием по електронска пошта од страна на ЕУ инфо центарот. Наградата за оваа категорија е статуетка, диплома и ваучер за техничка опрема во вредност од 1.000 евра.

Втората категорија, односно конкурсот за најдобра репортерска фотографија (за фотографии објавени во печатени медиуми и/или на интернет) е отворен за сите професионални фоторепортери и фотографи од државата, кои може да поднесат до 3 фотографии на тема „Градење доверба во несигурни времиња”, објавени во периодот меѓу 20 ноември 2017 и 24 ноември 2018 година. Еден од критериумите е и фотографиите да не се користени за комерцијални цели.

Копии од фотографијата/фотографиите во дигитален формат (големината на секоја фотографија треба да биде 3-5 MB), заедно со изјава во писмена форма и потпишана од авторот со која гарантира дека таа/тој е автор на фотографијата, треба да се испратат на следнава електронска адреса: JMcompetition@euic.mk, најдоцна до 25 ноември 2018 година, до 18.00 часот. Секој од пријавените ќе добие потврда за прием по електронска пошта од страна на ЕУ инфо центарот. И тука, наградениот ќе добие статуетка, диплома и ваучер за техничка опрема во вредност од 1.000 евра.

Кај конкурсот за најдобра аматерска фотографија може да биде доставена една фотографија на тема „Нашата различност, наша сила“. Фотографиите кои се натпреваруваат во оваа категорија може, но не мора, да бидат претходно објавени.

Кандидатите за оваа категорија треба да ги испратат своите пријави на следнава електронска адреса: JMcompetition@euic.mk, најдоцна до 25 ноември 2018 година, до 18.00 часот. Секој кандидат може да испрати по 1 (една) фотографија (големина на фотографијата 3-5 MB), како и да гарантира дека тој/таа е автор на фотографијата со испраќање изјава во писмена форма на истата електронска адреса. Секој од пријавените ќе добие потврда за прием по електронска пошта од страна на ЕУ инфо центарот. Наградата е диплома и ваучер за техничка опрема во вредност од 500 евра.

Оваа активност е организирана во соработка со Советот за етика во медиумите. Делегацијата на Европската Унија нема да се смета за одговорна за каква било законска обврска што произлегува од какви било спорови околу авторските права, за кои исклучиво е одговорен пријавениот натпреварувач. Делегацијата на Европската Унија го задржува правото да ја поништи квалификацијата на пријавената творба околу која се спори и да ја повлече доделената награда и паричната награда. Оваа активност не ги одразува ставовите на Европската унија.

Жирито ќе се состои од седум члена – претставник од Делегацијата на Европската Унија, Секретаријатот за европски прашања, минатогодишниот победник во рамки на категоријата за најдобра репортерска фотографија, минатогодишниот победник во рамки на категоријата за најдобра новинарска сторија, претставник од новинарско здружение, претставник од ЕУ инфо центарот, како и почесен претседател на жирито.

Свеченото доделување на наградите ќе се одржи на 12 декември 2018 година.