17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Барањето за воведување санкции кон Србија пристигна, се очекува одлуката на косовскиот парламент

Кога вонредната седница на собранието на Косово за неуспесите на надворешната политика и повлекувањето на признавањето е одложена минатата недела до крајот на гласањето на Генералното собрание на Интерпол за членството на Косово во оваа меѓународна организација, претседателството на собранието повторно закажа седница за четврток 22 ноември, пренесува „Косев“.

Истовремено, група од 13 пратеници поднесе до претседателството барање за одржување седница на собранието, на која ќе се разговара за воведување економски и политички санкции кон Србија како мерка на реципроцитет поради агресивното однесување на Србија.

Вонредната седница на собранието на Косово за резултатите од надворешната политика, која почна на 16 ноември, но поради отсуство на премиерот и министерот за надворешни работи, ќе биде продолжена в четврток, 22 ноември, одлучи претседателството на косовскиот парламент. Редовната пленарна седница ќе продолжи в петок.