25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Жителите на постудени предели склони кон алкохол

Жителите на земји со постудена клима и помалку сончеви часови се склони кон консумирање поголеми количини алкохолни пијалаци, покажува една студија на група американски истражувачи.

Тие воспоставиле врска меѓу просечната температура, бројот на сончеви часовни дневно и консумирањето алкохол, а податоците од 193 земји покажале дека климатските услови придонеле за поголем број „тешки“ алкохоличари и болести на црниот дроб.

Еден од авторите на студијата, Рамон Батале, помошник-директор на Центарот за истражување болести на црниот дроб во Питсбург, рекол дека се работи за прво истражување кое систематски покажува дека низ светот во постудените предели и оние со помалку сонце луѓето повеќе пијат и заболуваат од алкохолна цироза.

Алкохолот ги опушта крвните садови, што го зголемува протокот на крв преку кожата. Освен тоа, консумирањето алкохол е поврзано со депресијата, која е честа кај луѓе во пределите со помалку бројни сончеви часови.

Истражувањето користело податоци од Светската здравствена организација и Светската метеоролошка организација.