10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Се струполи на земја и почина – трагедија среде Скопје

Шеесет и деветгодишен скопјанец починал додека се движел по улицата „Карпошово востание“, во попладневните часови на 19. ноември.

Како што информираат од МВР, според пријавата, 69-годишникот се движел по улицата и во еден момент му се слошило и паднал, а случаен минувач повикал Итна медицинска помош, која само констатирала смрт без траги на насилство.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.