12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Хрватска уапси 72-годишен дилер на дрога

Инспектори од сплитско-далматинската полиција уапсија 72-годишно лице поради трговија со дрога.

Во неговиот дом биле пронајдени 44,2 грама кокаин и дигитална вага за прецизно мерење.

Тој и претходно бил осуден на три години и два месеци затвор поради криумчарење на марихуана, и тоа, во скадиште во рамки на Домот за стари и изнемоштени лица во Загреб.