11.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Арсовски: НБРМ го намали проектираниот раст на економијата

Економијата во Република Македонија бележи пад за над 30% од проектираниот. НБРМ го намали проектираниот раст на економијата од 3.2% на 2.3%, обвини Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова е почитувани уште доказ за лошите економски политики на Зоран Заев. Ова е доказ за неспособноста на СДСМ, Заев, Тевдовски, Анѓушев и останатите во владата. Економското црно трио Заев-Тевдовски-Анѓушев се класични гробари на македонската економија за жал. Немањето капацитет и економски план за раст, односно негрижата за бизнис секторот и за и така кревката економија, а единствено грижа за нивните лични бизниси и лични сметки ја доведе економијата на нашата држава до тука. Ветуваа 5, 6 и 7% раст, а веќе две години економијата тоне секојдневно“, рече тој.

Гувернерката на НБРМ, додаде Арсовски, образложувајќи го извештајот за макроекономските проекции за период од 2018 – 2021 потенцира дека и така минималниот раст кој можеби ќе биде возможен до крајот на годината е благодарение на извозот од фирмите и инвестициите во слободните економски зони.

„Дополнително нивото на раст е катастрофално ниско и од ниското ниво на реализација на капиталните инвестиции кои за 3/4 од годината изнесуваат само 1/4 од годишно предвидените, ова е жално. Ситуацијата на сите им е јасно колку е лоша ако се земе предвид дека оваа влада освен задолжувања, ништо друго всушност не знае да работи. Неосновано и без потреба јавниот долг од почетокот на годината до септември е зголемен за речиси 400 милиони евра. И покрај огромното задолжување, нема ниту раст ниту инвестиции. Никој не знае на што се потрошени близу 400 милиони евра нето-задолжувања, во време кога проектираниот раст на економијата изнесува 2.3%. Каде ли завршиле милионите со коишто нè задолжи оваа власт?“, праша тој.