10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Решени се проблемите поврзани со автопатот Кичево – Охрид и заштедени се 95 милиони евра

Граѓаните ќе се возеа по многу нови автопатишта да не беше криминалната власт на Никола Груевски и Миле Јанакиевски кои мислејќи само на провизии и лично богатење оставија целосен хаос и предизвикаа огромни штети, реагираат од СДСМ.

„Преку презентираните докази во судските постапки, за еден од случаите поврзани со зделките за автопатиштата, целата јавност има увид како поранешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Никола Груевски и Миле Јанакиевски безмилосно ги кршело законите.

На штета на граѓаните и само заради лично богатење, бил заобиколен законот за јавни набавки, а штета врз буџетот со директниот договор е над 155 милиони евра.

Тоа е истиот Никола Груевски, ментор на Христијан Мицкоски, преку кого фирмите на Мицкоски добиле 33 илјади метри квадратни земјиште за хидроцентрали. Тоа е истио Миле Јанакиевски чии најблиски соработници, Димовски и Јанушев, се дел од шемите со фирмите на Мицкоски и дел од антизапдното раководство на ВМРО-ДПМНЕ.

Да мислеле Груевски и Јанакиевски на граѓаните а не на провизиите, немаше автопатот да го остават без ниту една клучка да не може месното население да се приклучи.

Да мислеле на автопатот а не на провизиите во стилот „да не се претераме“ немаше тунелот да биде целосно промашен.

Одговорната власт предводена од СДСМ ги санираше штетите од криминалното владеење на менторот на Мицкоски, Никола Груевски и неговиот Миле Јанакиевски, решени се сите наследени проблеми поврзани со овој автопат и заштедени се 95 милиони евра народни пари“ велат од владеачката партија.