10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Хакери понудиле 81 000 приватни фејсбук-профили за продажба

Група хакери компромитирале и објавиле приватни пораки од најмалку 81 000 фејсбук-корисници.

Престапниците изјавиле за Би-би-си дека имаат детали за околу 120 милиони кориснички сметки кои се обиделе да ги продадат иако постојат сомненија дали таа бројка е вистинска.

Од „Фејсбук“ велат дека нема проблеми со безбедноста на мрежата и дека податоците се најверојатно преземени преку алатките на пребарувачите.

Од „Фејсбук“ додаваат дека презеле мерки за превенција на понатамошно хакирање на профилите.

Би-би-си открива дека податоците што биле компромитирани се од профили кои припаѓаат на корисници од Украина и Русија, а некои се во Британија, САД, Бразил и други земји.

Хакерите понудиле да ги продадат овие кориснички сметки за околу 8 центи по профил. Оттогаш нивната реклама е избришана.