11.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Авион на „Ер Франс“ вратен зошто не добил дозвола да ја прелета Русија

Патнички авион на комапнијата „Ер Франс“, кој од Париз летал за Хо Ши Мин, по шест часа лет, се вратил, бидејќи не добил дозвола да прелета во дел од воздушниот простор на Русија. Компанијата „Ер Франс“ соопшти дека е отворена истрага поради случајот.

Според информациите, авионот полетал вчера по 13 часот од парискиот аеро дром „Шарл де Гол“ и по шест часа лет, капетанот им соопштил на патниците дека не била добиена дозвола за прелетување на рускиот воздушен простор.

Некои од патниците биле изненадени поради оваа ситуација, а од компанијата „Ер Франс“ наведуваат дека е особено изненадувачки што сите други летови кон Азија имале дозвола да прелетаат преку руска територија.

Портпаролот на „Ер Франс“ изјавил дека се работи за исклучително ретка ситуација и дека во својата архива не нашле сличен случај, пренесе „Фигаро“. Фрнацуските медиуми пренесуваат дека една од теориите за можна причина за овој случај е „компјутерски баг“, кој би можел да го модификува каталогот со летови. Поради целиот случај „Ер Франс“ отвори истрага.