16.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Царовска:Со социјалната реформа овозможуваме еднакви можности за самохраните родители

„Еднакви права и можности за самохрани мајки“ беше тема на денешната дебата, организирана од граѓанската организација „Една може“ на која присуствуваше министерката за труд и социјална политика Мила Царовска. На дебатата беа презентирани податоци од анализата за состојбата на еднородтелските семејства, на самохраните мајки во Македонија, но и што државата, граѓанските организации и институции прават за подобрување на нивната состoјба.

„Материјалната состојба не секогаш треба да се поврзува со еднородителските семејства. Ние имаме мајки што се материјално обезбедени, татковци што исто така се материјално обезбедени. Но, и покрај тоа, со социјалната реформа на самохраните семејства им нудиме коефициент 0,5, што е ист како за семејствата каде што има две возрасни лица, што е еднаква стартна позиција“, истакна министерката Царовска.

Министерката Царовска ги повика граѓанските организации во соработка со локалните самоуправи да развиваат сервиси кои ќе им помагаат на самохраните родители нивното дете да стигне и да се врати од училиште додека родителот е на работа.

Анализата која што беше презентирана денеска треба да даде придонес во создавањето на документ, кој би бил темел за создавање на еднакви стартни позиции на еднородителските семејства.

Спонзорирано: