21.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Коалицијата на Меркел ги проценува резултатите од регионалните избори

Германската канцеларка, Ангела Меркел, и нејзините коалициски партнери ги проценуваат резултатите од гласањето на регионалните избори во земјата, каде што гласачите, како што пишуваат германските медиуми, ги „казнуваат” владејачките партии во текот на последниве неколку месеци.

Вниманието денеска е фокусирано на иднината на националната „голема коалиција”, која ја сочинуваат традиционалните најголеми германски партии, како и самата канцеларка, пренесува АП.

На вчерашните избори во покраината Хесен и конзервативната Христијанска демократска заедница (ЦДУ) и Социјалдемократската партија на левиот центар доживеаја значителен пораз, додека Партијата на зелените и екстремно десничарската Алтернатива за Германија бележат подобри резултати.