18.8 C
Скопје
2. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Кремљ вознемирен по извештајот дека САД стојат зад нападот со дронови врз руската база во Сирија

Кремљ изрази загриженост по извештајот на руското Министерство за одбрана, според кој, американски шпионски авион во јануари годинава го контролирал нападот со беспилотни летала врз руската база Хмеимим во Сирија, пренесува РТ.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, јасно стави до знаење дека војската ги анализирала сите расположливи податоци и ги извлекла неопходните заклучоци пред да каже дека нападот врз руската воздухопловна база бил насочен од набљудувачки авион „П-8 Посејдон“.

„Ова е несомнено многу алармантен извештај“, истакна тој.

Сите дополнителни детали ќе бидат обезбедени од страна на Министерството за одбрана, но претседателот Владимир Путин може да го иницира ова прашање со својот американски колега, Доналд Трамп, кога ќе се појави можност за тоа.

Реакцијата на Кремљ доаѓа кога заменик-министерот за одбрана, генерал-полковник Александар Фомин, зборувал за нападот со беспилотни летала за време на форумот „Сјијаншанг“ во Пекинг, конференција за одбрана и безбедност од висок профил.

Според Фомин, 13 дрона ѝ се доближиле на руската база во времето кога „посејдон“ бил над Медитеранот. Кога во базата биле вклучени руските електронски контрамерки, беспилотните летала ја продолжиле летачката мисија во мануелен режим. Тој рече дека беспилотните летала не биле управувани од некој селанец, туку од стандарден и добро опремен „P-8 Посејдон“, кој имал рачна контрола врз беспилотните летала за кои станува збор.

Кога овие дронови се соочиле со мерките за електронска војна на Русија, тие се повлекле од зоната за убивање и почнале да примаат команди преку сателитска комуникација, објасни генералот Фомин. Некој, рече тој, ги водел беспилотните летала кон т.н. дупки во руската одбрана, што тие ги искористиле пред да бидат соборени од ракетите „земја-воздух“ од Хмеимим.

Инцидентот, во кој учествувале 10 беспилотни летала чија цел била базата Хмеимим, се случил во текот на ноќта на 8 јануари. Уште три дрона извршиле напади врз рускиот поморски објект во сирискиот пристаништен град Тартус. Трите непријателски беспилотни летала биле приземјени од рускиот тим за електронска војна во близина на Хмеимим и подоцна биле прегледани од војската.

Пентагон се обиде да ги побие руските обвинувања во тоа време, при што портпаролот Адријан Ранкин-Галовеј тврдеше дека тие уреди и технологии лесно може да се добијат на пазарот. Нападот од јануари не беше единствениот од ваков вид. Руската воздушна одбрана во Хмеимим одби бојни напади со дронови во текот на ова лето. Ниту едн0 беспилотно летало не успеа да се доближи до базата.