10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Граѓанскиот суд в четврток ги отвора вратите за граѓаните

По повод Европскиот ден за граѓанска правда, Основниот суд Скопје 2 Скопје организира отворен ден за граѓаните со цел поблиску да се запознаат со начинот на остварување на нивните права во судските постапки, соопштуваат од судот.

Настанот, се додава во нивното соопштение, ќе се одржи в четврток, во свечената сала на Врховниот суд, со почеток во 10 часот.