17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Дескоска на состанок со Венециската комисија

Во Венеција денеска и утре се одржува 116. Пленарна сесија на Европската комисија за демократија преку правото (Венециска комисија), на која е поканета да учествува и министерката за правда, Рената Дескоска.

Во рамки на 116. Пленарна сесија на Венециската комисија, министерката за правда, Рената Дескоска, денеска и утре ќе оствари повеќе состаноци со членовите на Венециската комисија и ќе се обрати на Пленарната сесија на која ќе биде биде разгледано и усвоено нацрт-мислењето на Венециската комисија за Законот за изменување и дополнување на Законот за Судскиот совет и Законот за судовите.

Според нацрт-мислењето на Венециската комисија, кое е неодамна доставено до Министерството за правда, последните измени и дополнувања на Законот за Судски совет и Законот за судови ќе бидат оценети позитивно, соопштија од Министерството за правда. Во ова мислење е наведено дека новите институционални аранжмани и процедурални правила на подобар начин ја заштитуваат судската независност и поставуваат цврсти темели за добро функционирање на судскиот систем. Во мислењето што се очекува да биде усвоено денес ќе бидат дадени и насоки за понатамошно подобрување на текстот на законите, се додава во соопштението на Министерството за правда.