18.8 C
Скопје
21. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ердоган повикува на трговија со домашни валути

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, ги повика земјите од Африка да се приклучат во заеднички бизнис и трговија со Турција, а притоа да користат домашни валути.

„Да ја заштитиме нашата трговија од ризиците што ни ги наметнуваат странските валути“, порача Ердоган на турско-африканскиот форум за бизнис и економија.

Тој посочи дека земјите треба да се заштитат од притисокот од странските валути.

„Наш приоритет е ова прашање (тргување со домашни валути) додека земјата се соочува со разни шпекулации“, вели претседателот.

Ердоган додава дека е важно да се знае дека секогаш постои алтернатива.

„Ние сме подготвени да ги зајакнеме нашите бизнис-врски и притоа да користиме домашна валута не само со нашите главни партнери туку и со нашите пријатели од Африка“, вели тој.

Турција се бори за трговија со домашна валута и ги обвинува САД дека го користи доларот како алатка за напад врз економијата на повеќе земји.