17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Лидерот на Јужна Кореја очекува Ким Јонг Ун наскоро да ја посети Русија

Претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае Ин, очекува лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун, наскоро да ја посети Русија, а кинескиот претседател Си Џинпинг да оди во посета на Северна Кореја.

Мун ваквата изјава ја даде на еден ден по средбата на државниот секретар на Мајк Помпео и Ким Јонг Ун во Пјонгјанг, на која стана збор за денуклеаризирањето, како и планирањето на нова средба помеѓу лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун со неговиот американски колега, Доналд Трамп.

Вториот состанок на Трамп и Ким би можел да биде проследен со дипломатски активности кои би можеле да придонесат за денуклеаризација на Корејскиот полуостров и стабилизирање на мирот, рече Мун.

Мун додаде дека постои можност Ким Јонг Ун да се состане и со јапонскиот премиер Шинзо Абе.

Претседателот на Јужна Кореја, Мун Џae Ин исто така разговарал со американскиот државен секретар Помпео во Сеул , откако високиот американски дипломат се сретна со Ким Јонг Ун, а на нивните разговори кои траеа повеќе од два часа главна тема беше денуклеаризацијата на Корејскиот Полуостров.

Мун, со кого се сретна Помпео по средбата со Ким Јонг Ун, изрази надеж дека посетата на Помпео и планираната втора средба на Ким и Трамп придонесува до „решителен напредок на денуклеаризирање и мировниот процес”.