11.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Сослушан поранешниот телохранител на Макрон кој тепаше демонстрант

Александар Бенала, поранешниот соработник на францускиот претседател Емануел Макрон, е сослушан поради обвинувања за насилство врз демонстрант.
Инцидентот предизвика политичка криза во Владата на Макрон, пренесуваат француските медиуми.

Бенала (27) не дал изјава по сослушувањето, а медиумите пренесуваат, дека поранешниот телохранител се задржал околу десет часа со судијата во придружба на адвокатот.

Аферата изби за време на летото по објавувањето на снимката на која Бенала претепува демонстрант на првомајските протести.

Влафдата на Макрон по тоа преживеа две гласања на недоверба, по изливите на незадоволство на политичарите и јавноста по снимката.

Аферата со Бенала влијаеше и на падот на популарноста на Макрон.