11.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Северна и Јужна Кореја ги отстрануваат мините од границата на двете држави

Војските на Северна и Јужна Кореја почнаа да ги отстрануваат копнените мини на граничниот премин во понеделникот, објавија официјални претставници на Сеул. Ова е прва имплементација на неодамнешните договори за ублажување на тензиите во текот на неколкудецениските закани со војна.

Деминирањето следуваше откако беше постигнат договор за затворање на нуклеарната програма на Северна Кореја. Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, треба да го посети Пјонгјанг за да организира втор самит меѓу американскиот претседател и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.

Двајцата потпишаа договор во Сингапур, кој се однесува на деминирање на заедничката безбедносна зона, што е само еден од чекорите за разоружување.

Се верува дека армиите на двете Кореи ќе отстранат само мал дел од двата милиони мини, колку што се проценува дека има по должина на границата уште од Корејската војна (1950-1953).

На новинарите им беше дадена можност да го проследат овој настан, а поради опасниот терен на којшто се наоѓаат, мора да носат целосна опрема за заштита.