17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Себастијан Курц сака да ги подобри односите меѓу ЕУ и Русија

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, во пресрет на својата посета на Санкт Петербург изјави дека целта на неговиот состанок со рускиот претседател, Владимир Путин, е „да ги намали тензиите меѓу Русија и Европа“.

Австрија, која во моментов го води ротирачкото претседателство со ЕУ, одржува добри односи со Москва и покрај осудата на руската анексија на Крим во 2014.

Курц им кажа на новинарите во Виена во пресрет на посетата на вториот по големина град во Русија дека Австрија продолжува да ги поддржува санкциите против Русија во врска со украинската криза.

Курц смета дека треба да се поддржи конструктивен дијалог со Русија.

„Долгорочно ќе има мир на нашиот континент само со Русија, а не против неа”, рече тој.