12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Подгответе се: Македонската полиција дебело ќе казнува за овој прекршок

Од 15 ноември почнува да важи задолжителната обврска за носење зимска опрема во возилата. За возачите на автомобили, џипови и лесни камиони е задолжително носење зимски гуми и синџири, а за возачите на автобуси и на тешки камиони и лопата ако на погонските тркала не може да се постават синџири за снег.

Санкционирањето во претстојната зимска сезона ќе биде согласно постојниот правилник за зимска опрема во автомобилите, со кој се пропишува казна од 45 евра во денарска противредност, односно на возачот ќе му се регистрираат 25 негативни бодови.