8.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Едно лице се води за исчезнато по авионската несреќа во Микронезија

Едно лице е пријавено за исчезнато откако вчера авион на компанијата „Ер Ниугини“ принудно слета во лагуна во Пацификот, соопштија официјаните претставници.

Несреќата се случи во раните утрински часови, кога авионот удрил во морскиот брег на пистата на островот Чук во Микронезија, при што морал принудно да слета.

Седум други лица се повредени, а шестмина пак се хоспитализирани меѓутоа се наоѓаат во стабилна состојба, се наведува во соопштението на компанијата, иако веднаш по несреќата според првичните информации беше соопштено дека сите патници и членови на екипаж го преживеале принудното слетување на авионот на компанијата „Ер Ниугини“.

Патниците и членовите на екипажот се спасуваа од полупотонатиот авион и со чамци се превезуваат до брегот. Во авионот се наоѓаат 36 патници и 11 членови на екипаж.

„Ер Ниугини“ е национална авио-компанија на Папуа Нова Гвинеја. Микронезија се наоѓа северно од Австралија и источно од Филипини и во неа живеат околу 100.000 жители.

Спонзорирано: