17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Коцијанчич: Во сите официјални документи на ЕУ стои ѕвездичка до името Косово

Портпаролката на ЕУ, Маја Коцијанчич вели дека политиката на Брисел не е променета и дека таканаречената ѕвездичка, која го означува статусот на неутралност, се користи во сите официјални документи, во кои се споменува Косово.

„Нашата политика по тоа прашање не е променета“ рекла Коцијанчич за „Танјуг“.

Поради написите во српските медиуми дека шефицата на дипломатијата на ЕУ, Федерика Могерини, направила гаф и го признала Косово, не користејќи ја секогаш ѕвездичката со името Косово на сајтот на Европската надворешно политичка служба, Коцијанчич тврди дека таа ознака се користи во сите официјални документи.

Во официјалните документи на ЕЕАС и на Европската комисија, како што се годишните извештаи за Косово, Мапата за патот за визна либерализација за Косово или поседната Стратегија за проширување на Западен Балкан, покрај името Косово, стои ѕвездичка која го означува непрејудицираниот статус во согласност со Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност и мислење на Меѓународниот суд на правдата.