10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Стоилковски: Доколку Заев нема што да крие, нека излезе на ТВ-дуел со претседателот Христијан Мицкоски

Никој нема право да се коцка со идентитетот, традицијата, историјата и културата на Република Македонија, никој нема право да се коцка и како влог да ги става името на државата, граѓаните на Република Македонија или тоа што ни го оставиле генерации пред нас кои не ги жалеле своите животи само за да се изборат за суверено парче држава, во кое ќе бидеме свои на своето, изјави денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Стоилковски посочува дека доколку Зоран Заев нема што да крие, треба да излезе на ТВ-дуел со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и да ги отвори картите.