10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Илустрација/Pixabay
МАКЕДОНИЈА

Македонија на нозе: Илјадници граѓани се упатија кон Скопје, најавен голем сенароден марш

Коалицијата „Заедно за европска Македонија“ денеска организира Марш за европска Македонија, кој ќе заврши со голем граѓански собир во центарот на Скопје.

Маршот почнува пред зградата на Црвениот крст во почеток во 13.30 часот, а завршува пред седиштето на Делегацијата на ЕУ во 14 часот, кога почнува официјалната програма на големиот граѓански собир.

На собирот ќе се обратат претседателот на Владата, Зоран Заев, претседателот на Собранието, Талат Џафери, актерката и синдикален претставник, Сања Арсовска и Томислав Кежаровски, новинар.