12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ердоган повика на примирје во Идлиб, Путин и Рохани се против

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, повика на прекин на огнот и завршување на воздушните напади во сириската провинција Идлиб, што не го прифатија претседателите на Русија и Иран.

Лидерите на трите главни надворешни играчи во долготрајната војна во Сирија, Ердоган, Владимир Путин и Хасан Рохани се состанаа во Техеран за да разговараат за судбината на Идлиб, додека ривалските фракции во покраината на границата со Турција се подготвуваат за, како што се верува, последната голема битка.

Ердоган рече дека договорот за тоа би претставувал победа, но рускиот претседател Путин рече дека е против прекинот на огнот во Идлиб бидејќи таму се наоѓаат екстремистите на Нусра фронт и Исламската држава, кои не се дел од мировните преговори.

Тој предупреди дека екстремистите во Идлиб планираат „провокации”, можеби дури и со хемиско оружје, објави „Ројтерс“.