12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Страшна сообраќајка на патот Градско – Прилеп – има повредени

На 04.09.2018 година во 10.30 часот на патот Градско-Прилеп се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фолксваген Голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од П.Ј.(63) од Прилеп, товарно возило „Сканија“ со приколка со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.П.(43) од с.Кучевиште, скопско и товарно возило „Рено Мастер“ со битолски регистарски ознаки, управувано од С.К.(33) од Битола.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил П.Ј., додека со телесни повреди се здобил С.К.. На двајцата им била укажана лекарска помош во Градската болница Прилеп.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Прилеп.