25.8 C
Скопје
2. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Сонце па невреме: Временска за следните неколку дена

Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималните температури ќе се движат од 9 до 19 степени, а максималните од 26 до 33 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Температурата ќе се движи од 15 до 30 степени.

Во следните два дена ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Во попладневните часови во планинските региони не е исклучена можноста за краткотраен дожд. Во сабота кон крајот на денот и во недела ќе има зголемување на облачноста со локален пороен дожд и грмежи.