17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Апостолоски: Шест училишта за првпат во последнава деценија учебната година ја почнаа без обезбеден оброк

Неодговорноста и неспособноста на Александар Наумоски и СДСМ оставија илјадници основци и ученици на целодневна настава без оброци.

„Оваа година учениците од училиштата ‘Димитар Поп Георгиев Беровски’ , ‘Ѓорче Петров’, ‘Мирче Ацев’, ‘Страшо Пинџур’, ‘Тихомир Милошевски’ и ‘Јоаким Крчоски’ за првпат во последнава деценија учебната година ја почнаа без обезбеден оброк. Поради неодговорноста на Наумоски и ненавремената реализација на постапката за јавна набавка на оброк за учениците, илјадници деца се принудени сами да се снаоѓаат за храна, да носат од дома или да купуваат“, изјави на денешната прес-коференција Данијел Апостолоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Александар Наумоски ако не знае како да работи и како да ја води општината, треба да си поднесе одговорност, изјави Апостолоски и додаде дека Наумоски не треба да молчи и да се крие, туку треба да одговори.