11.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Русите го бомбардираа Идлиб, и покрај предупредувањето на Трамп

Сириската опсерваторија за човекови права денеска објави дека руските воени авиони продолжија со воздушните напади врз сириската бунтовничка провинција Идлиб по 22-дневен прекин.

Американскиот претседател, Доналд Трамп, претходно му порача на сирискиот претседател Асад да не ја напаѓа провинцијата Идлиб и ги предупреди Русија и Иран дека нивното учество во „оваа потенцијална човечка трагедија” ќе биде „сериозна хуманитарна грешка”.

Руските новински агенции „РИА Новости“ и „Интерфакс“ објавија дека Лавров, во говорот што го одржал пред студентите во Москва, изјавил дека „ситуацијата во сириската бунтовничка провинција Идлиб не може да се толерира на неодредено време”.