17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Москва тврди дека САД се обидуваат да се мешаат во рускиот изборниот процес

Москва забележала обиди за мешање на САД во руските избори, изјави високиот руски дипломат Андреј Нестеренко. Веста доаѓа во време кога „Гугл“ е осомничен за прекршување на законот со продажба на политички реклами за неодобрен митинг, пишува „Спутник“.

„Според нас, изборниот суверенитет е принцип што треба да го почитуваат сите цивилизирани нации”, рече дипломатот.

Нестеренко додаде дека Москва ќе ги извести американските партнери оти активностите на американските медиуми оставаат простор Русија да ги гони за кршење на рускиот закон “.

В недела во неколку руски региони, вклучувајќи ја и Москва, ќе одржат избори. Лидерот на опозицијата, Алексеј Навални, повика на протести за осуда на изборите што тој ги нарекува пристрасни. За да го изрекламира настанот, јавното движење на Навални ги користи платените реклами на сервисите на „Гугл“, како што е Јутјуб.

Рускиот закон забранува одржување настан што е посветен на изборната кампања на денот на изборите. Руската Централна изборна комисија, медиумскиот регулатор „Роскомнадзор“ и Руската антимонополска служба (ФАС) претходно го известиле „Гугл“ дека нејзината платформа се користи за спроведување несоодветни политички активности во Русија.

„Живеејќи во нација која го почитува законот, очекуваме секој актер да игра според правилата. Особено информираниот актер. Ако се случи спротивното, располагаме со алатки за справување со тоа,” рече Андреј Кашеваров, заменик-директор на ФАС.

Обвинувањата од Москва доаѓаат веднаш по откривањето дека ФБИ безуспешно се обидела да регрутира неколку руски милијардери како доушници. Американската агенција се надевала дека луѓето како тајкунот Олег Дерипаска би можеле да обезбедат инсајдерски информации за, меѓу другото, наводните руски мешања на американските избори во 2016 година, пишува „Њујорк тајмс”. Москва, која негира дека се мешала во изборите во САД, рече дека извештајот ја потврдува дволичноста на САД во врска со ова прашање, покажувајќи дека се мешаат во внатрешните работи на Русија.