17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Казни за штедачите: Ќе плаќаат камата бидејќи чуваат пари во банка

Оние штедачи кои имаат депозит поголем од 500.000 франци во швајцарската државна банка Postfinance AG во иднина ќе плаќаат надомест до 1 отсто на износот кој го преминува новоутврдениот лимит.

Досега пенали во таа банка плаќале само оние со депозити поголеми од милион франци.

Но, како што наведува Блумберг, помали банки во Германија и Швајцарија и натаму се мачат со пронаоѓање одговор на негативните каматни стапки кои централните банки ги наметнале пред неколку години. Затоа неколку од нив последниве денови најавиле нови стратегии: Некои воведуваат, некои откажуваат, а некои менуваат „казнени“ каметни стапки на штедење.

„Иако практично не плаќаме никакви камати на заштедите, во последниве 12 месеци примивме повеќе од 3,5 милијарди франци“, изјавил за Блумбрег портпаролот на Postfinance Рето Корман.

Како би го заприле тој силен прилив на нови пари или дури и да ги поттикнат клиентите да повлечат дел од заштедите, рекол дека мора да ги почитуваат правилата.