17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Јункер ги охрабри Белград и Приштина да го продолжат дијалогот

Претседателот на Европската комисија, Клод Јункер, во телефонскиот разговор со косовскиот претседател, Хашим Тачи, го поддржа дијалогот на Белград и Приштина и ги повика двете страни да продолжат да работат, дознава „Танјуг“.

Портпаролот на Европската комисија, Маргаритис Шинас, по повод телефонскиот разговор помеѓу претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, и Хашим Тачи, рече дека Јункер притоа дал поддршка на дијалогот Белград и Приштина и ги охрабрил двете страни да ги продолжат разговорите.