21.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Страшна сообраќајка на патот Велес – Скопје, се слушаат сирени – се јавува за повредени

Во 20,10 часот на крстосницата од регионалниот пат Скопје – Велес, улица “205” и улица “206” случена е  сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило  “Фиат Пунто” со скопски регистарски ознаки управувано од 33-годишниот М.Ј.  од Скопје и патничко моторно возило   “Голф” исто така со скопски ознаки управувано од 44-годишниот Р.А. од Скопје.

 

М.Ј. со возило од брза помош е пренесен во Градска општа болница “8-ми Септември”, каде од страна доктор му биле констатирани тешки телесни повреди и истиот е препратен во Комплекс клиники “Мајка Тереза”.

На сопатникот од возилото “Голф” му е укажана лекарска помош во  Градска општа болница “8-ми Септември” каде му се констатирани телесни повреди.

Извршен е увид на местото на настанот.