10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Пристигна долгорочна прогноза за претстојната есен: Еве какво време не очекува

Според пишувањата на Accuweather, по екстремните летни топлини на западот и северот од Европа, сличен тренд ќе продолжи и на почетокот на есента.

Продолжувањето на сушното и топло време ќе предизвика нови пожари во Скандинавија, додека на подрачјето на Балканот, како што ќе одминува есента, се предвидуваат сè почети врнежи.

Според зборовите на метеорологот Алан Раперт, просечната температура на есен ќе биде од еден до три степени над просекот во Велика Британија.

Слични или дури и поголеми отстапувања се предвидуваат во цела Франција, Белгија, Холандија и Германија, а пад на температурата на просечна вредност на тоа подрачје треба да се очекува во ноември.

После летната сезона, која во делови од Средоземјето беше поприлично бурна, сличен тренд ќе продолжи и во септември.

Во октомври и ноември следи ширење на зоните на врнежи и на западен Балкан.

Честите бури ќе придонесат и за пониски температури на воздухот. Додека септември ќе биде потопол од просекот, во октомври и ноември поради честите врнежи и бури следи нивен пад.

Некои од бурите притоа ќе донесат силни ветрови и град со можност за поплави, рекол метеорологот Тајлер Ројс.