25.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Tри деца загинаа во апокалипсата во Џенова, спасувачите трагаат по преживеани

Најмалку 35 лица, меѓу кои три деца на возраст од 8, 12 и 13 години загинаа во рушењето на надвозникот во Џенова, објавија агенциите, повикувајќи се на извори од противпожарната бригада.

Спасувачите во северозападниот италијански град Џенова продолжуваат да ги бараат можните преживеани по драматичниот колапс на автопатот. Пожарникарите се обидуваат да влезат во малите пукнатини во обид да најдат некој кој сѐ уште може да биде заглавен во возило.

Министерот за внатрешни работи соопшти дека најмалку 35 лица загинале кога десетици возила паднале од 45 метри височина . Околу 16 лица беа повредени во колапсот, а бројот на исчезнати се движи од четири до 12.

Околу 250 пожарникари од цела Италија учествуваат во потрагата, користејќи кучиња трагачи и опрема за качување.

,Не се откажуваме, се уште имаме надеж”, вели пожарникарот оган Емануеле Гифи за новинската агенција АФП, со ветување дека тимовите ќе работат нон-стоп додека не биде пронајдена и последната жртва.

Надвозникот се сруши по удар на гром кој удрил директно во еден од столбовите.

,,Беше околу 11.30 часот кога гром го погоди мостот и тој се сруши”, вели еден од сведоците за италијанската агенција.
Повеќето од жртвите биле во возилата кои паднале од надвозникот. Шефот на цивилната заштита Анџело Борели изјави дека околу 35 автомобили и три камиони биле на надвозникот кога тој се урнал.

Тој вели дека е „шокантно да се види урнат мост и жртвите кои спасувачите ги извлекуваат“. Конте исто така ги пофалил стотината спасувачи кои се на местото на несреќата, истакнувајќи дека „тие ги спасиле луѓето кои паднале од 45 метри висина и кои сега се живи и во болница”.

Повеќе од 400 лица беа евакуирани поради стравувањата дека другите делови од мостот би можеле да паднат. Причината за катастрофата, која се случи во текот на поројниот дожд, не беше веднаш јасна, но беа поставени прашања за безбедноста на објектот.

Италијанската противпожарна служба објави видеоснимка на човек кој го извлекуваат од заробеното возило и внимателно со спуштаат со кабли долу.

Огромна кула и делови од мостот се урнаа на железничката пруга, во реката и врз магацин.

Автомобилот на Давид Капело (33), поранешен голман на Каљари, падна при колапсот на надвозникот, но тој преживеа.

,,Успеав да излезам … не знам како мојот автомобил не е смачкан. Се чинеше како сцена од филм, тоа беше апокалипса”, рече тој.

Марчело де Анџелис, кој го координира напорите за спасување на италијанскиот Црвен крст, изјави за Би-Би-Си дека спасувачите ја третираа катастрофата како земјотрес.