17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Кабинетот на Иванов: СДСМ преку манипулации се обидува да изврши притисок врз претседателот

Најостро ги отфрламе тврдењата во изјавата на Костадин Костадинов, пратеник на СДСМ, за кои сметаме дека се големи лаги и манипулација, со цел дефокусирање на јавноста, соопшти Кабинетот на претседателот.

Од Кабинетот на Иванов велат дека е јасно и очекувано од СДСМ преку манипулации да се обидува да изврши притисок врз претседателот, поради неговите политики и цврсти ставови во одбрана на достоинството на македонскиот народ и граѓаните на Македонија, а во врска со неприфаќањето на, како што посочуваат оттаму, штетниот грчки договор.

„Реакцијата на македонскиот народ на вчерашниот ден точно покажа какво е неговото размислување кон погубната политика што ја води оваа власт за Република Македонија. Вистината боли, дотолку повеќе што раководството на СДСМ е свесно за предавството коешто го нуди на македонскиот народ. Иванов никогаш не поттикнал меѓуверска и меѓунационална омраза. Напротив, заедништвото и сплотеноста коишто со децении се градени, сега се доведуваат во опасност токму поради штетните политики и одлуки на оваа власт“, се вели во реакцијата на Кабинетот.

Оттаму велат дека за тоа дали Иванов е достоен за функцијата што ја извршува, не се прашуваат политичките партии, туку граѓаните кои го избрале и кои го покажале својот став на чествувањето на Илинден.