22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
????????????????????????????????????
МАКЕДОНИЈА

Вечерва се огласи Ѓорге Иванов, еве што се вели во соопштението

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов никогаш не поддржувал инциденти и говор на омраза, се вели во реакцијата од кабинетот на претседателот.

,,Жалиме што денеска владината делегацијата беше исвиркана на одбележувањето на празникот Илинден на Мечкин Камен во Крушево, но сметаме дека тоа на ниту еден начин не беше предизвикано од пораките упатени од претседателот Иванов.

Владата на Република Македонија треба самата да се запраша зошто македонскиот народ на тој начин реагира кон владините претставници и да преземе одговорност зошто народот е поделен и шири говор на омраза кон државните институции и неистомислениците”, се додава во реакцијата.