12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Невреме со град ќе ја погоди Македонија, најавуваат синоптичарите

За време на државниот празник Илинден ќе има поизразена нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално и во форма на невреме со појава на град и пообилен пороен дожд.

Вредноста на УВ индексот ќе изнесува 8. Дневната температура ќе се движи од 27 до 34 степени.

И в петок ќе биде нестабилно, особено во западните и јужните делови.

Од сабота се очекува стабилизирање на временската состојба со постепен пораст на дневната температура.